„Војна“ во рингот: Вајт брутално го нокаутираше Чисора! (ВИДЕО)

Дилијан Вајт победи во синоќешната борба во Лондон против Дерек Чисора со брутален нокаут во 11-та рунда и ги одбрани титулите во ВБЦ и во ВБО верзиите за светски шампион.

И двајцата боксери пред две години пружија вистински спектакл во Манчестер, а победата тогаш ја однесе Вајт со поделена судиска одлука. Синоќа повторно имаше феноменален меч на кој Вајт сосема заслужено славеше.

Чисора тргна во отворен напад уште од првата рунда, постојано жестоко напаѓаше со удари во тело за разлика од Вајт кој имаше одлични контра-напади со кои често го погодуваше големиот ривал. Десет рунди беше тоа вистинска „војна во рингот“ со се пожестоки удари од рунда во рунда и максимална израмнетост во која ниту еден не се издвојуваше.

Сето тоа следеше до 11-та рунда кога Вајт испрати извонреден директен удар и брутално го нокаутираше својот противник…

 

Вајт така стигна до својата 25-та победа, наспроти само еден пораз, па веројатно негов нов предизвикувач ќе биде Ентони Џошуа. За Чисора, пак, ова беше деветти пораз со 28 победи во кариерата.

Се вчитува...