Војната за Лука Дончиќ ја доби „Nike“, за 100 милиони долари Словенецот ќе го носи брендот на Џордан

Лука Дончиќ останува верен на „Nike“. Словенцот кој се избори за статус на супер ѕвезда со одличните изданија за Далас во НБА лигата го заврши двегодишниот договор со оваа компанија, а потоа објави дека е отворен на пазарот и големите брендови ја почнаа битката за него.

Тој носеше различни модели патики на неколку натпревари и според последните информации решил да потпише нов договор со „Nike“. Тој ќе биде една од ѕвездите кои се заштитни лица на брендот на Мајкл Џордан. Вкупната вредност на договорот е 100 милиони долари или по 20 милиони долари за секоја од петте години за кои важи соработката.

Лука Дончиќ се наметнува како еден од главните кадидати за МВП признанието сезонава во НБА лигата.  Има просек од 29,3 поени, 9,6 скока и 8,9 асистенции по натпревар. Со оглед дека има само 20 години тој е од генерацијата која е сесна за значењето на социјалните мрежи, па има 3,5 милиони следбенци на Инстаграм што е многу важна аргумент за компаниите кои сакаат да потпишат спонзорски договори со него.

 

Се вчитува...