Европскиот шампион Олимпијакос се соочува со неочекуван проблем по хаосот што вчера го креираше плејмејкерот Томас Вокап, поднесувајќи барање за раскин на договорот со „црвено-белите“ од Атина.
Причина – Вокап е незадоволен од инсистирањето на клубот да не дозволи негов трансфер во Дубаи, иако плејмејкерот веќе ги договори личните услови за плата од речиси три милиони евра. Олимпијакос веќе одби две понуди на Дубаи, а Американецот се грчки пасош се почувствува изневерено, па се реши со ваков потег да се обиде да издејствува трансфер.
Веднаш следеше одговор од Олимпијакос дека барањето на Вокап е кодибено и дека кошаркарот треба да се јави на првиот собир закажан за утре.
Доколку тој не биде на располагање на тренерот Барцокас ќе следи казна согласно дисциплинскиот правилник, порачаа од Олимпијакос.
Грчките медиуми од друга страна најавуваат дека Вокап намерно ќе биде отсутен и потоа ќе инсистира целиот случај да биде разрешен на кошаркарскиот суд за арбитража БАТ. Бидејќи во неговиот договор со Олимпијакос нема клаузула за отштета, плејмејкерот ќе бара БАТ да ја одреди сумата што Дубаи ќе треба да ја плати, опција на која грчкиот гигант ќе се спротивставува, па останува да се види расплетот на овој неочекуван скандал во редовите на Олимпијакос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
