Тревон Вокер од универзитетот Џорџија е изборот на Џексонвил Џегуарс како прв пик на годинашниот НФЛ драфт кој минатата ноќ се одржа во Лас Вегас. Јагуарите како најлош тим минатата сезона имаа право први да бираат, а таа можност ја искористија за генерацискиот талент и дефанзивен енд од универзитетот Џорџија.
Генерално дефанзивните играчи доминираа на овој драфт, бидејќи оваа генерација немаше некој посебно талентиран квотербек, а во првата рунда во најважната позиција во овој спорт беше одбран само еден, како 20. пик од Питсбург Стилерс Кени Пикет.
The first round of the 2022 #NFLDraft. Don’t miss what happens next! 👀
📺: 2022 #NFLDraft continues Friday 7pm ET on NFLN/ESPN/ABC pic.twitter.com/THaRX6GRq4
— NFL (@NFL) April 29, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА