Волфсбург доведе тренер од Арсенал

Германскиот бундеслигаш Волфсбург ангажираше нов стратег кој ќе го води тимот во продолжение од сезоната по отказот што го заработи Валеријан Исмаел. На неговото место доаѓа Андрис Јонкер, кој досега беше дел од Арсенал.

Овој 54-годишен холандски стратег се враќа во редовите на Волфсбург, каде од 2012 до 2014 година работеше како асистент во стручниот штаб.

Јонкер беше директор на фудбалската академија на Арсенал, а со Волфсбург потпиша договор како шеф на стручниот штаб до 2018 година. Тој во минатото беше и помошниок на Луј ван Гал во Барселона и во Баерн Минхен, а самостојно ги предводеше холандските клубови Вилем Втори и Волендам.

Се вчитува...