Не ја искористи предноста на домашниот терен екипата на Волфсбург за да го совлада тимот на второлигашот Падерборн во првиот бараж натпревар за опстанок во Бундеслигата. На крајот на Волксфаген Аренаа немаше голови.
Двата тима имаа шанси да дојдат до победа и до предност по првиот натпревар. Први се заканија гостите преку Кастањеда, но одбрани Грабара. Следуваше шанса за Дагим од Волфсбург, голманот на спротивната страна се истакна.
Ериксен ја имаше првата шанса за Волфсбург во вториот дел, шутираше прецизно, одбрани уште подобро Зајмен. Билбија во 84. минута можеше да ги шокира домашните, откако од самата гол линија играчите на Волфсбург мораа да расчистуваат и да не дозволат гостинска радост. Ериксен ја имаше последната прилика, но Зајмен му го одбрани ударот од далечина.
Вториот меч се игра во вторник на теренот на Падерборн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
