Ерата на Марк Ван Бомел на клупата на Волфсбург траеше кратко. Холандскиот тренер денеска спогодбено го раскина договорот во „волците“ по поразот на домашен терен вчера од Фрајбург со 0:2.
Волфсбург имаше одличен старт на сезоната, но како одминуваше времето, тимот падна во „криза“, па сега има четири победи и четири порази , и се наоѓа на средината на табелата. Тоа не соодејствува со амбициите на клубот.
Ван Бомел дојде во Волфсбург на почетокот на оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА