Волфсбург ќе игра бараж, Сент Паули испадна од Бундеслигата (ВИДЕО)

Само една непозната имаше пред одигрување на последното коло во германската Бундеслига, односно кој е вториот тим кој ќе испадне директно, а кој ќе игра во баражот. Така во меѓусебна пресметка играа Сент Паули и Волфсбург. На Сент Паули му требаше само победа, додека на Волфсбург му одговораше и бод за да дојде до бараж местото, а на крајот во голема драма, Волфсбург се избори за дополнителни два натпревари за останување во „елитата“.

Така Волфсбург успеа да триумфира со 1-3, во драматичен меч со многу шанси, промашен пенал и на крајот „хепи-енд“ за „волците“, со оглед дека им се закануваше и директно испаѓање.

Кулеракис донесе предност за гостите, а Цеси израмни во 57. минута. Смешенм автогол на Васиљ во 64. минута за нова радост на Вофлсбург. Потоа Ериксен промаши пенал, а Пејчиновиќ во 80. минуга ги реши сите дилеми околу победникот.

Од другите мечеви, Баерн лесно го совлада Келн со 5-1 благодарение на хет-трикот на Хари Кејн, а Фрајбург го „растури“ Лајпциг со 4-1. Хаденхајм се збогуваше од Бундеслигата со пораз од Мајнц, а Унион Берлин беше подобар од Аугзбург со 4-0. Баер Леверкузен одигра нерешено 1-1 против Хамбургер. Борусија Дортмунд го совлада Вердер на гости со 0-2.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...