„Волшебникот“ Харден постигна 55 поени за триумф над Кливленд… (ВИДЕО)

Џејмс Харден одигра уште еден неверојатен натпревар водејќи го Хјустон до победа од 110-116 на гостувањето против Кливленд.

Харден запиша 55 поени со одличен шут од игра од 20-34, а изненадувајќи имаше само пет слободни фрлања. На сето тоа дополни и осум асистенции.

Хјустон се мачеше против слабиот Кливленд кој имаше и девет поени разлика во последниот период, но не можеше против Харден во завршницата. Харден постигна и десет тројки со што го израмни најдобриот ефект во кариерата на еден натпревар. Ова за него беше четврти натпревар сезонава на кој постигнал повеќе од 50 поени.

Хјустон сега има 16 победи и осум пораз, за четврто место на Западот.

Се вчитува...