„Волшебникот“ Харден за историја: 61 поен за место покрај Џордан, Брајант и Чемберлен

Хјустон со голем пресврт во последната четвртина славеше на домашен терен против Сан Антонио со 111-105, со нова феноменална партија на Џејмс Харден.

Харден постигна повеќе од половина поени на Хјустон завршувајќи со неверојатни 61 поен, седум скока и три украдени топки. Одигра за историја. Не само што го израмни својот најдобар поентерски ефект во кариерата – 61 поен, туку стана и само четврти кошаркар во историјата на НБА со повеќе од еден меч од најмалку 60 поени. Останатите тројца се НБА легендите, Вилт Чемберлен, Коби Брајант и Мајкл Џордан. Претходно во сезоната Харден веќе постигна 61 поен на гостувањето против Њујорк никс.

 

Синоќа Харден постигна и девет тројки па на тој начин се најде во друштво на најдобрите тројкаши во историјата. Сега има 1979 погодени шута за три поени во кариерата што го става на десеттото место меѓу најдобрите тројкаши.

Се вчитува...