Волшебникот Лука Дончиќ: На три секунди пред крајот со феноменална тројка за нова победа на Далас (ВИДЕО)

Далас ја совлада Минесота со 108-109 поведувајќи со 2-0 во финалната серија во Западната конференција на НБА лигата, благодарение само на волшебникот Лука Дончиќ кој донесе триумф со феноменална тројка на три секунди пред крајот.

При резултат 108-106, Дончиќ танцуваше покрај Руди Гобер лесно ослободувајќи се од најдобриот одбранбен играч во лигата и погоди тројка за триумф на неговиот тим. Мечот го заврши со 32 поени, 10 скока и 13 асистенции за петти „трипл-дабл“ учинок во плеј-офот оваа сезона.

Интересно, Далас беше тој што постојано бркаше негатива во текот на целиот натпревар. Минесота имаше и 18 поени предност, но на крај загуби.

Заедно со Дончиќ, Маверикс до победа беа предводени и од Ирвинг, кој заврши со 20 поени на кои додаде и шест асистенции. Кај Минесота, Ентони Едвардс постигна 21 поен, но со шут од само 5/17 од поле, а Карл-Ентони Таунс заврши со 15 поени, со уште послаби 4/16 од поле.

Серијата сега се сели во Далас, каде ќе се играат следните два натпревари.

Се вчитува...