Волшебникот Меси со „хет-трик“ и асистенција во триумфот на Аргентина… (ВИДЕО)

Аргентина славеше синоќа на „Ла Бомбонера“ на пријателскиот натпревар против Хаити со 4-0, а до триуммфот ја предводеше кој друг туку Лионел Меси.

Иако со противник две класи послаб, селекторот Сампаоли се одлучи да игра со најсилниот свој состав предводен од Меси, Ди Марија и Игуаин во нападот.

Аргентина се изнапромашува во првиот дел, единствено доаѓајќи до предност со голот на Меси од пенал во 17. минута. Но, во вториот дел шоу на волшебникот Лионел Меси. Ѕвездата на Барселона постигна уште два гола, а асистираше на четвртиот гол кој го постигна резервистот Агуеро.

Интересно, шанса за настап не доби Пауло Дибала кој од поодамна е во немилост кај селекторот, но за разлика од Мауро Икарди сепак доби повик за настап на Светското првенство.

Следниот тест меч на Аргентинците е против Израел.

Се вчитува...