„Воопшто не ми е важно што ќе се случи понатаму, Леброн е поголем од Џордан“

Ситуацијата во НБА лигата се тргна од контрола откако кошаркарите поради протест против полициската бруталност одлучија да ги бојкотираат натпреварите. Еден од лидерите на бојкотот е Леброн Џејмс кој јавно говореше против сето тоа што се случува во САД. Сепак, на крајот е постигнат договор и најдобрите кошаркари во светот денеска ќе се вратат на терените. Популарниот американски рапер Снуп Дог вели дека поради борбата за правата на Афроамериканците, според него Леброн Џејмс е поголем од Мајкл Џордан.

„Не ме интересира како ќе заврши кариерата на Леброн. Факт е дека поведе бран на промени и поради тоа тој е поголем од Мајкл Џордан. Тој е најголем на сите времиња и на, но и надвор од теренот. Тој кажа дека нема само да дрибла и шутира. Почитвање!“, напиша Снуп Дог. 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by snoopdogg (@snoopdogg) on

Се вчитува...