Вооружени разбојници го нападнаа Ф1 тимот на Мерцедес во Бразил

Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, беше вознемирен пред стартот на денешните квалификации пред трката за ГН на Бразил од веста дека разбојници го нападнале автомобилот со дел од тимот на Мерцедес во Сао Паоло. Возилото со работниците на Мерцедес било на пат кон патеката „Интерлагос“, каде утре ќе се вози трката за ГН на Бразил. Претставниците на Мерцедес изјавија дека во нападот им се украдени драгоцени работи, но најважно е што сите се живи и безбездни.

Имало пукање, на еден од нашите работници пиштолот му бил вперен во глава. Тоа е многу вознемирувачко. Ова се случува секоја година, мора веќе да се направи нешто со ова, без изговор. Ве молам помолете се за момците кои се вистински професионалци. Многу се потресени“ – рече Луис Хамилтон.

На истиот пат на кој е ограбен дел од персоналот на Мерцедес, нападнати биле и официјалните лица на ФИА. Напаѓачите го сопреле автомобилот со ченицитте на ФИА и се обиделе да го скршат стаклото, но бидејќи автомобилот бил заштите со стакло отпорно не куршуми, не успеале во намерата и побегнале.

Попладнево на патеката „Интерлагос“ во Сао Паоло се возат квалификациите за утрешната трка за ГН на Бразил, претопоследна во годинашниот Ф1 шампионат.

Се вчитува...