Возачите на Формула 1 не беа задоволни од трката во Мадрид појавувајќи се со остри коментари против Формула 1, по завршувањето на викенд натпреварувањето.
Гран При на Шпанија и трката на улиците на Мадрид покажаа многу мал интерес, а Верстапен побара по трката „мапа на патеката“ за да направи соодветни промени за време на анализата на трката со холандските медиуми.
Престигнувањето беше речиси невозможно, а Габриел Бортолето рече дека речиси заспал за време на трката.
Дури и победникот Кими Антонели, не беше задоволен и рече дека има 80% шанси да се судри со некого кога се обидува да се заобиколи и затоа никој не притискаше.
„Само погледнете ја конфигурацијата на патеката, прилично е јасно дека е лоша патека и дека таму нема трки. Што очекуваа да направиме? Штета“, рече Оли Берман.
Алекс Албон со сличен коментар…
„Се надевам дека се отворени за промена на некои работи за следната година бидејќи болидите на Формула 3 не можат да престигнуваат тука а не ние. Не мислам дека некој престигнал некого за целиот викенд. Ако променат нешто, ова нема да биде толку лоша патека. Сега е многу здодевно“, објасни Албон.
Најреволтиран беше Макс Верстапен, кој се налути на Антонели откако исече првата кривина.
„Мора да ја врати позицијата. Какво ср*ње. Каква Мики Маус патека“, рече Макс.
Хамилтон рече дека не било толку лошо, но дека возачите едноставно не можеле да направат многу повеќе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
