Пред неколку дена се појави информација дека Возиња се согласил да потпише договор со чилеанскиот Коло Коло, но голманот кој беше главна ѕвезда на Светското првенство 2026 во претходните денови предизвика вистински хаос со своите неочекувани одлуки.
Без сомнение, Возиња беше главна ѕвезда на неодамна завршеното Светско првенство, бидејќи овој 40-годишник импресионираше со своите настапи во дресот на репрезентацијата на Зеленортските Острови.
Возиња бранеше неверојатно добро, и иако веќе има 40 години, го привлече вниманието на многу клубови и во подоцнежните години ќе го добие договорот за кој сонувал во целата своја кариера.
Пред неколку дена беше објавено дека Возиња си нашол нов клуб и дека оди во Коло Коло од Чиле, со кого се договорил за месечна плата од 25.000 евра, што никогаш не ја имал.
Сепак, доаѓањето во редовите на легендарниот клуб доживеа неочекуван пресврт поради она што го направи Возиња и предизвика гнев кај челниците на Коло Коло.
🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: Vozinha has stunned Colo-Colo after failing to board his scheduled flight from Portugal to Chile, despite being expected to arrive on Thursday to sign for them.
The reason for his no-show is not believed to be personal. Instead, Moroccan side Renaissance… https://t.co/xwf9TKlX9m pic.twitter.com/9Uk7bSf49E
— Football Tweet ⚽ (@Footballtweet) July 30, 2026
Пред неколку дена, Возиња требало да пристигне во Сантијаго на лекарски прегледи и потпишување на договор, но сè уште не се појавил.
Искусниот голман моментално е во Португалија и дури трипати го одложуваше заминувањето за Сантијаго, а по тоа челниците на Коло Коло почнаа да се сомневаат дека нешто се случува зад нивниот грб. Се чини дека биле во право.
Се појавија информации дека Возиња преговара со неколку други клубови кои му нудат многу повеќе пари од Чилеанците. Возиња е контактиран од мексиканскиот Керетаро и мароканскиот Беркане, и се чини дека на крајот воопшто нема да потпише за Коло Коло.
Најновите информации велат дека неговата следна дестинација веројатно ќе биде Мароко и дека ќе потпише за Беркане, кој неодамна го донесе поранешниот тренер на Зеленортските острови, Бубиста, на тренерската позиција.
Сега Беркане го сака и Возиња и тоа е главната причина зошто овој 40-годишник упорно го одложува заминувањето за Сантијаго и потпишувањето договор со Коло Коло.
Наводно, главната причина е што Беркане му нуди годишна плата од дури еден милион евра, и поради тоа Возиња очигледно ќе го „извиси“ Коло Коло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
