Врачот од Гана ја тргна клетвата од Кејн (видео)

Англија не успеа да слави на дуелот со Гана на кој беше аутсајдер, а кога Хари Кејн промаши зицер од пет метри многумина се сетија на објавата на врачот од Гана, Нана Кваку Бонсам, кој пред неколку дена најава дека му фрла клетва на англискиот капитен за да не може да даде гол против оваа африканска селекција.

Истиот врач денеска се јави со нова објава, со видео во кое ја тргнува клетвата од Англичанецот преку неговата вуду-кукла, најавувајќи дека Кејн сега ќе даде гол на наредниот натпревар во кој „гордиот албион“ за противник ќе ја има Панама.

„Задоволен сум од развојот на настаните“, кажа Бонсам одврзувајќи ја вуду-куклата за која тврди дека е наменета за Кејн.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nana Kwaku Bonsam (@nanakwakubonsam)

Се вчитува...