Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина постигна историски успех со пласманот во нокаут фазата на Светското првенство откако го победи Катар со 3-1.
Златан Ибрахимовиќ, легендарниот фудбалер со потекло од БиХ, полн емоции ја дочека победата на Сергеј Барбарез, на работ на солзи…
„Се ежам, затоа што од таму е мојот татко. Затоа се игра фудбал – да се зближат луѓето, а особено за Босна и Херцеговина, која толку многу страдаше. Ме преплавуваат емоции кога ја гледам целата оваа среќа“, рече Ибрахимовиќ.
„Кога ќе видите 70.000 луѓе како пеат… навивачите на БиХ практично веќе го освоија Светското првенство. Среќен сум и горд на нив, но посебен момент беше кога навивачите пееја. Сето ова е многу емотивно, дури и не знам како правилно да се изразам. Пресреќен сум“, додаде тој.
Zlatan got goosebumps after Bosnia and Herzegovina won its final group stage match 🇧🇦@Ibra_official pic.twitter.com/52o54gntOh
— FOX Sports (@FOXSports) June 25, 2026
Следен е натпреварот со САД
Репрезентацијата на БиХ речиси сигурно ќе го игра осминафиналниот натпревар од Светското првенство на 2 јули во Сан Франциско против домаќинот, Соединетите Американски Држави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
