СЕНЗАЦИЈА: Германците на колена – Еквадор со пресврт-победа до 1/16-финале (ВИДЕО)

Повеќе од интересен расплет во Групата Е на Светското првенство 2026,  по кој е јасно дека Германија и Брегот на слоновата коска се во 1/16-финалето, а таму сигурно ќе им се придружи и Еквадор како една од најдобрите третопласирани селекции – запишувајќи на тој начин историја за својата земја!

Сето тоа благодарение на огромното изненадување кое го приредија Еквадорците благодарение на пресврт-победата над Германија од 2-1. Во вториот меч во групата, пак, Брегот на слоновата коска славеше со 2-0 против Курасао.

На Еквадор им беше неопходна победа за пласман во елиминациската фаза, и успеаја во тоа.

Германија поведе против Еквадорците уште во 2. минута со голот на Сане, но Еквадор израмни со погодокот на Ангуло веќе во 9.минута.


Во второто полувреме, Плата погоди во 77. минута за голем триумф на Еквадор од 2-1 и историски пласман во 1/16-финалето на СП.

Брегот на слоновата коска победи со 2-0 благодарение на головите на Пепе во 7.минута и во 64.минута од средбата.


Се вчитува...