Враќање назад: Јанески од Работнички во Куманово

Егзодусот на кошаркари од Работнички продолжува откако и Марјан Јанески не ја прифати понудата за останување во „Градски парк“, наместо тоа решавајќи да се врати назад во Куманово.

Крилниот центар беше еден од најстандардните во тимот на Марин Докузовски, во текот на летово доби неколку понуди, а актуелно беше и неговото враќање во родниот Гостивар. Сепак, Јанески на крајот ја прифати понудата на Куманово, клубот од каде дојде во Работнички и каде ги мина најдобрите моменти во кариерата.

Нема сомнеж дека овој кошаркар ќе му биде од огромна помош на тренерот Петровиќ во обидот да состави што подобра екипа која би атакувала на влез во плејофот.

Се вчитува...