Тренерот на Веспрем, Љубомир Врањеш очигледно не може да го износи достоинствено поразот од Вардар во Лигата на шампионите на домашен терен, па вината ја побара и во некои неракометни нешта…
„Не сакам да ја оспорувам победата на Вардар, но мора да нагласам дека и некои чудни нешта влијае ние да не победиме. Судиите имаа повеќе чудни одлуки. Ми се чини како некој да не сакаше да победиме, а за жал ова не е првпат да ни се случува такво нешто. Цела ракометна Европа ако го погледне натпреварот ќе види дека имаше смешни и чудни одлуки и покрај нашата игра. Точно направивме седум технички грешки, но нашата одбрана беше на ниво и не заслуживме пораз“ – изјави Врањеш по натпреварот со „вардарци“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА