Спомените на легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант ќе бидат продадени на аукција во месец април. Се очекува во понудата да се најдат дресовите со број „8“ и „24“ кои Коби ги носеше во ЛА Лејкерс.
Првиот дрес е од финалето на плеј-офот во 2000 година кога Брајант ја освои првата титула во НБА. Дресот на себе има и „црна трака“ која кошаркарите на тој натпревар ја носеа во чест на Вилт Чемберлејн кој почина таа година. Вториот е од 2007 кога ѕвездата на ЛА ја играше една од најдобрите сезони во кариерата.
Покрај дресовите на аукцијата ќе биде продадена отпечаток од неговата дланка која тој ја остави пред влегувањето во кинеската „Куќа на славните“, како и патиките со потпис на сите кошаркари од шампионската генерација во 2010 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА