Време беше – Металург заслужи прва радост во Европа (фотогалерија)

Време беше – по пет порази во низа Металург конечно стигна до првата победа во Лигата на шампионите. Тренерот Данило Брестовац максимално ја искористи репрезентативната пауза за адаптација на новите играчи во тимот, па дури и без Јагањац „металурзите“ делуваа силно и компактно.

Во голманот Даниловски добија нов значаен адут, додека во нападот останатите играчи ја поделија одговорноста што досега ја имаше хрватскиот „бомбардер“. Падот на концентрацијата во финишот е лекција од која ќе се извлече поука, но најважно од се е што сепак се стигна до толку посакуваната победа, која ќе ја врати самодовербата кај младите играчи по серијата порази со која беше стартувана сезоната.

Металург поседува потенцијал, за тоа нема никакви дилеми, но неопходен е и победнички дух за овие млади ракометари да се развиваат во посакуваниот ритам.

Се вчитува...