Време е за…ЕП 2020 во ракомет!

Во 2017 година Горење стана дел од европското ракометно семејство како главен спонзор на Лигата на шампиони на Велукс ЕХФ и горд спонзор на две европски првенства (2018-та и 2020-та). Спонзорските активности беа спакувани во кампања наречена #simplyfans и оваа ракометна заедница ги собира фановите од целиот свет.

Нови предизвици и нови можности на ЕHF EURO 2020

Сега, нов предизвик е пред #simplyfans и Горење. Од 9-ти до 26 јануари Австрија, Норвешка и Шведска ќе бидат домаќини на EHF EURO 2020 . За прв пат во историјата на ракометот, 24 екипи ќе бидат дел од Европското првенство, а три различни нации ќе бидат домаќини на турнирот.

Со две различни активности што ќе се одвиваат во текот на целиот шампионат во арените во земјите домаќини и со привлечни дигитални содржини и предизвици, Горење и #simplyfans ќе бидат уникатно парче во мозаикот EHF EURO 2020.

Запознајте ја првата маскота на Горење!

За да  #simplyfans активностите бидат уште позабавни, во декември беше претставена првата маскота на Горење. Еден специјален фрижидер, наречен Горини, сега е дел од семејството #simplyfans и ги забавува обожавателите на социјалните медиуми, но ќе биде и дел од акцијата во арените. Запознајте го Горини и следете ја неговата приказна на каналите на социјалните мрежи на @Gorenjesimplyfans и на facebook.

#simplyfans на EHF EURO 2020

Во Грац (од 9-ти ди 13-ти јануари) и во Виена (од 16-ти до 22-ри јануари) Горење ќе ги забавува фановите на ракометот со забавна активност. На промотивен штанд фановите ќе можат да снимат специјално видео на #simplyfans EHF EURO 2020 и со истото шанса да освојат специјална награда – ВИП влезница за тура позади сцената или можност да бидат дел од големото видео на Горење. Со истата активност, навивачите ќе се забавуваат за време на последниот викенд во Стокхолм. Во прелиминарната и главната рунда, Горење ќе ги забавува и навивачите во арената Малмо (од 11-ти до 22-ри јануари) со специјалната игра за бодување.

Сите настани на лице место ќе бидат придружени со интересна содржина на социјалните медиуми. Навивачите, гледајќи ги игрите во живо во арената или пред ТВ екраните, компјутер или својот мобилен телефон, ќе добијат шанса да учествуваат во посебен дигитален предизвик. Во текот на целото првенство, објавувајќи го EHF EURO 2020 моментот фатен со својот мобилен телефон на Instagram story или пост, и со одбележување на објавата со @Gorenjesimplyfans, фановите може да освојат специјален Gorenje ретро #simplyfans фрижидер или #simplyfans дресови.

Знаеме дека ќе уживате во гледање на натпреварите и ќе се фотографирате со друштвото додека гледате. Зошто да не ги споделите тие моменти со нас и не добиете #simplyfans дуксер или уште повеќе – да освоите ретро фрижидер?!

Како да се вклучите во наградната игра:

  1. Следете ги профилите на @gorenjesimplyfans на инстаграм и фејсбук
  2. Споделете го вашиот EHF EURO 2020 навивачки момент на Инстаграм story или feed.
  3. Обележете ја објавата со @gorenjesimplyfans или додадете хаштаг #simplyfans.

Секој ден кога нема да има натпревари ќе одбереме 3 најдобри фотографии кои ќе добијат #simplyfans дрес.

Наградната игра ќе заврши на 27-ми јануари (понеделник). Победникот на ретро фрижидерот ќе биде објавен на 29-ти јануари.

Покрај сето тоа, во текот на полувремето ќе се одржат наградни игри во Грац и Виена, додека арената Стокхолм Теле 2 ќе биде домаќин на посебно и единствено Горење шоу за време на полувремето! Ова не смеете да го пропуштите!

Следете нè на нашите профили  за социјалните мрежи ФЕЈСБУК и ИНСТАГРАМ  или дојдете во некоја од арените на кои ќе се наоѓаме! Време е за EHF EURO 2020!

Се вчитува...