Време е за Ф4: Барса го брани тронот против германскиот двоец и француски Нант

Барселона, Магдебург, Фуксе Берлин и Нант, ова се четирите екипи кои викендов ќе се борат за европскиот ракометен трон.

Барселона го брани трофејот од минатата сезона, а Каталонците ќе се обидат да стигнат и до четвртата титула во последните пет години. Прв предизвик на патот кон трофејот ќе биде германскиот Магдебург кој е единствениот тим кој во претходните четири години успеа да слави над Барса во Келн.

Во првото полуфинале пак од 15 часот, дебитантот на завршните турнири и тимот кој стигна до првата историска титула во Бундеслигата, Фуксе Берлин предводен од Матијас Гидсел ќе се соочи со Нант, тим кој направи изненадување со неговиот пласман во Келн.

 

Се вчитува...