Се е подготвено за големото финале во Лигата на шампионите. Вечерва се решава прашањето дали францускиот гигант Пари Сен Жермен ќе ја одбрани европската круна, или пак Арсенал за првпат во историјата ќе се искачи на кровот на Европа.
ПСЖ влегува во овој меч како актуелен шампион и тим кој игра застрашувачки офанзивен фудбал. Од друга страна, Арсенал оваа сезона се профилираше во најтврдата и најдисциплинирана екипа во Европа, примајќи најмалку голови во елитното натпреварување. Најавите од двата табора ветуваат тактичка војна до последната секунда.
Двата тима немаат сериозни проблеми со повредени фудбалери, што гарантира дека на теренот ќе истрчаат најдобрите единаесетмина. Обложувалниците му даваат блага предност на ПСЖ во вакви натпревари, но експертите предупредуваат дека „топчиите“ се најопасни кога играат од позиција на аутсајдер.
Натпреварот кој ќе се игра на „Пушкаш арената“ во Будимпешта со почеток во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
