Време е за „новите момци“ (ВИДЕО)

Енис Барди, Бобан Николов, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков, Елиф Елмас…како надополнување за Езгјан Алиоски, Илија Несторовски, Александар Трајковски, Стефан Ристовски, и секако, предводени од капитенот Горан Пандев. Македонија е подмладена, но и многу посилна, ако се знае дека досега селекторот Игор Ангеловски и не можеше секогаш да смета на „европските момци“, кои за првпат го однесоа македонскиот фудбал на едно Европско првенство.

Вечерва во Хаифа сите ќе бидат во А-репрезентацијата, и токму затоа можеби мотивите се далеку поголеми, дека конечно ќе блеснеме и на сениорски план…

Се вчитува...