Време е за пензија: Легендарниот Буфон се „избрука“ на невиден начин (ВИДЕО)

Веќе има 44 години и одамна требаше да биде повлечен, но легендарниот Џанлуџи Буфон и натаму настапува во Парма, а неодамна го продолжи договорот и нема намера да застане. Меѓутоа вчерашниот меч покажува дека некогашниот италијански репрезентативец можеби треба сериозно да размисли да се повлече од фудбалот и да работи нешто друго со фудбалот.

Во сезоната во која Парма е далеку од враќање во Серија „А“, Буфон и натаму е прв избор на тимот, а вчера направи катастрофална грешка.

Тој против Перуџа реагираше како почетник и ја промаши топката, со тоа дозволувајќи му на противникот да постигне гол.

Се вчитува...