Врие во Хапоел: Итудис во војна со скапото засилување

Подготовките се уште не се почнати, а Димитрис Итудис се соочува со голем проблем во Хапоел откако клубот реши да му го доведе Тамир Блат како решение за плејмејкерската позиција, нешто што воопшто не му се допадна на трофејниот стратег.

Блат има загарантирани 4,5 милиони долари за следните три години, но пораката од Итудис е јасна – израелскиот плејмејкер нема да биде ниту во ротацијата, каде предност ќе добијат Мициќ и летното засилување Саторански.

Сопственикот Јанај на своја рака го донесе Блат, како демонстрација на моќ бидејќи станува збор за трансфер од лутиот ривал Макаби, но тренерот има сосема ппоинакви планови и веќе порачал дека Тамир Блат нема ни да тренира со првиот тим, камоли да игра.

Управата се наоѓа во незгодна ситуација и веќе почнала потрага по клуб што би го зел Израелецот на едногодишна позајмицa. Проблемот е во тоа што сите евролигашки екипи веќе го имаат речиси пополнето ростерот, особено на плејмејкерската позиција, па ќе биде интересно да се види каде ќе заврши Блат. Тоа дефинитивно нема да биде  во Хапоел, барем не сезонава додека Итудис е тренер.

Се вчитува...