Врие во Рома: Тепачка меѓу Џеко и Ел Шарави

На Рома воопшто не и оди во последно време, а последицата од лошите резултати се гледа и во соблекувалната, во која според пишувањето на италијанските медиуми владее непријатна атмосфера. Во последното коло од Серија А, Рома изгуби од СПАЛ, а на полувремето дошло до инцидент меѓу Един Џеко и Стефан Ел Шарави.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина влегол во конфликт со директорот на СПАЛ, за потоа во соблекувалната да се соочи и со својот тимски колега Ел Шарави. Имено Џеко го нападнал Шарави бидејќи не му додал топка, на што Италијанецот му жестоко му вратил, напаѓачите се фатиле за врат, по што соиграчите морале да ја смируваат ситуацијата.

Рома моментално се наоѓа на петтата позиција на првенствената табела и до крајот на првенството ја очекува борба со Интер и Милан за четвртото место кое води во Лигата на шампионите.

Се вчитува...