Втор меч, втора победа за Шкендија: Ја совлада Варта со 3-1 на „тест“ во Анталија (ВИДЕО)

После победата над Пјаст Гливице, уште еден полски прволигаш „падна“ пред Шкендија. Денеска тетовскиот тим го совлада составот на Вардар Познањ со 3-1. На полувремето тетовци имаа предност од 2-1, а во вториот дел само успеаја да постигнат уште еден гол.

Нафиу во 32. минута донесе водство за Шкендија, а Кузимски со „ножички“ го израмни резултатот. Сепак, водство за Шкендија донесе Нафиу од слободен удар. Дашмир Елези во вториот дел стрелаше со волеј по проигрувањето од Хасани, за конечни 3-1 на средбата.

Видео од сите голови:

Се вчитува...