Втор пораз за стружани во Струга

Домаќинот РК Струга го претрпе вториот пораз на 46.Меѓународен турнир „Струга 2018“.  Во втората пресметка на игралиштето на „Женска плажа“, стружани загубија од Алингсас со 16-25 .

Избраниците на тренерот Андон Бошковски кои се подготвуваат за  новата суперлигашка сезона, по поразот од Железничар на стартот, не беа на исто ниво ни со дуелот со Алингсас.  Стружани држеа чекор со посилниот противник само во воведниот дел кога имаа и водство од 9-6. Но, потоа шведскиот тим ја презеде контролата на играта и од минута во минута  рутински ја зголемуваа предноста и на крај славеше убедлива победа.

Во вториот натпревар денеска со почеток во 19.15 часот ќе играат Констанца предводена од Звонко Шундовски и Железничар со Веселин Вујовиќ на клупата. Третиот ден на струшкиот турнир го затвораат Фениск Тулуз и Бешикташ во третиот натпревар во вечерниот термин од 21 часот.

Се вчитува...