Втора фаза од СП: Србија оди на Шпанија, а САД на Грција

Со победата на Франција над Доминиканската Република од 90-56 и дефинитивно беше заокружен првиот круг од натпреварувањето на светскиот шампионат што се одржува во Кина. Согласно пропозициите, и во втората рунда ќе се игра во групна фаза, пласман обезбедуваат двете најдобри селекции од секоја група, а се пренесуваат сите резултати од досегашниот дел од СП 2019.

Многу интересно се очекува да биде во групата Ј, каде Шпанија и Порторико ќе излезат на мегдан против селекциите на Србија и на Италија.

Грција предводена од Адетокумбо ќе се обиде да го изненади американскиот состав, во меч на кој пораз ќе значи и губење на речиси сите шанси за пласман во четвртфиналето за нашиот јужен сосед. Најнеизвесно се очекува да биде во групата Л, каде Франција влегува како лидер, но „триколорите“ ќе ги очекуваат две тешки средби против Литванија и Австралија.

ГРУПА И: Аргентина 6, Полска 6, Венецуела 5, Русија 5.

ГРУПА Ј: Србија 6, Шпанија 6, Италија 5, Порторико 5.

ГРУПА К: САД 6, Бразил 6, Грција 5, Чешка 5.

ГРУПА Л: Франција 6, Австралија 6, Литванија 5, Доминиканска Реп. 5.

Натпреварите од втората групна фаза од СП 2019 стартуваат веќе утре, а се среќаваат Русија – Полска, Аргентина – Венецуела, Шпанија – Италија и Србија – Порторико.

Се вчитува...