ВТОРА ЛИГА: Башкими со „петарда“ го искористи киксот на Македонија ЃП

Македонија Ѓорче Петров загуби значајни бодови во битката за шампионската титула во Втората лига откако во 24. коло ремизираше без голови на гостувањето во Гевгелија против Кожуф.

Киксот на Македонија ЃП го искористи Башкими кој славеше со убедливи 0-5 на гостувањето кај Каменица Саса за изедначување на лидерската позиција.

Презначајна победа запиша Вардар Неготино пред своите навивачи славеше со 1-0 против Брегалница и математички осигура опстанок во второлигашкото друштво и за следната сезона.

Киксот на штипскиот состав го искористи Арсими со гостински триумф од 0-2 против Скопје со што сега се искачи на третата позиција на табелата.

На три бода се радуваа и Детонит Плачковица кој славеше со 2-0 против Борец како и Вардарски кој го доби дуелот против ГФК Охрид со 3-0.

На натпреварите помеѓу Осогово и Беласица, односно Новаци и Победа мрежите мируваа.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...