Втора лига: Борец падна во Штип, сега Брегалница е втора

Брегалница стигна до огромна победа во Штип над екипата на Борец од 1-0, прескокнувајќи го директниот ривал за место во баражот за влез во елитата.

Во ситуација кога Беласица веќе обезбеди промоција од Втората лига – исток, Брегалница и Борец влегоа во денешниот дерби дуел желни за битка. Ваквиот пристап донесе црвен картон на гостинскиот фудбалер Кристијан Николовски по неполни десет минути игра.

Предноста од фудбалер повеќе за домашниот тим беше огромна, а Брегалница го искористи тоа со голот на Илијев во 36. минута, што се покажа победнички.

Со оваа победа сега Брегалница се наоѓа на втората позиција со 46 бода, два повеќе од Борец кој во следното коло ќе го пречека лидерот Беласица.

Се вчитува...