ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Беласица цврсто кон Првата лига, возбудливо реми во Кочани

Беласица цврсто чекори кон Првата лига, откако во 18. коло од Втората лига – Исток убедливо со 3-0 славеше против Кожуф, по што сега со 7 бода предност издвојувајќи се на врвот од табелата пред Брегалница која ремизираше (2-2) на гостувањето против Осогово во Кочани.

Мартин Мирчевски во два наврати и Крсте Тодоров беа стрелци на головите за Беласица која сосема заслужено стигна до триумфот.

Осогово и Брегалница одиграа повеќе од интересен дуел во Кочани. Гостите поведоа со голот на Лазар Илиев во 15. минута. Сепак, Митревски со убав гол во 35. минута израмни на 1-1, а на почетокот од второто полувреме со голот на Оливер Христов гостите повторно поведоа. Во 70. минута Осогово израмни преку Паунов за конечни 2-2.

Каменица Саса ја декласираше Победа Валандово триумфирајќи со 7-1, а во неверојатен натпревар Плачковица ремизираше (3-3) со Тиквеш иако на полувремето имаше негатива од 0-3.

РЕЗУЛТАТИ – 18. КОЛО

Осогово – Брегалница 2-2

Беласица – Кожуф 3-0

Каменица Саса – Победа Валандово 7-1

Плачковица – Тиквеш 3-3

Борец Велес – слободен

ТАБЕЛА: Беласица 37 бода, Брегалница 30, Борец 29, Тиквеш 25, Кожуф 24, Плачковица 20, Саса 15, Осогово 12, Победа Валандово 8 бода.

Се вчитува...