ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Без победник на дербито во Кочани, убедливи Беласица и Борец

Беласица ја продолжува доминантната игра во Втората лига Исток славејќи убедливо со 0-3 на гостувањето против Каменица Саса. Убедлив во денешното 20. коло беше и Борец Велес кој со 0-5 славеше на гостувањето против Победа Валандово.

Со двата гола на Ѓорѓи Ѓоргиев во 32. и во 38. минута Борец уште во првото полувреме ја најави убедливата победа, која доминантно ја заокружи во вториот дел со уште еден гол на Ѓоргиев за хет-трик, а по еден гол постигнаа и Кристијан Николовски и Марко Ѓоргиевски

Роберт Митев и Симеон Симонов, пак, беа стрелци за Тиквеш кој ја победи Плачковица со 2-1, додека дербито на Истокот меѓу Осогово и Брегалница кое се играше во Кочани заврши без победник.

РЕЗУЛТАТИ – 20. КОЛО

Победа Валандово – Борец 0-5

Тиквеш – Плачковица 2-1

Осогово – Брегалница 0-0

Каменица Саса – Беласица 0-3

Кожуф – слободен

ТАБЕЛА: Беласица 46 бода, Борец 38, Брегалница 37, Кожуф 30, Тиквеш 30, Плачковица 23, Саса 18, Осогово 13, Победа Валандово 10 бода.

Се вчитува...