ВТОРА ЛИГА ИСТОК: Борец до триумф во финишот, Тиквеш ја совлада Брегалница

Фудбалерите на Борец стигнаа до петтата победа оваа сезона во Втората лига Исток, откако во финишот го скршија отпорот на Кожуф и славеа со 2-1. Симеон Христов од пенал во 86.минута донесе триумф за велешкиот второлигаш кој има прволигашки амбиции. Претходно, Бојан Колевски во петтата минута донесе предност за Борец, а Марјан Ристовски израмни во 25.минута од мечот.

Тиквеш на домашен терен успеа да го земе скалпот на Брегалница. Победничкиот гол за кавадарчани го постигна Наумче Бакрачески во 65.минута од средбата.

Саса Каменица го совлада Вардар Неготино со 1-0, а Добре Димовски имаше успешно деби на клупата на домашните. Жанко Савов со пораз стартуваше на кормилото на Детонит, откако Кит Го славеше на овој меч со 0-1. Партизан Обршани ја совлада Плачковица со 2-1.

Се вчитува...