ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Борец и Брегалница со победи ја ‘вжештуваат’ битката за Прва лига

Велешки Борец и штипска Брегалница ја вжештуваат битката за втората позиција и бараж за Првата лига, победувајќи и во 24. коло од Втората лига – Исток против Плачковица односно Кожуф.

Борец убедливо пред своите навивачи со 3-0 славеше против Плачковица.

Александар Василев со гол во 21. минута ја најави убедливата победа на Беласица во Кавадарци, а во вториот дел стрелаа уште еднаш Василев, во два наврати и Пепи Георгиев и Зоран Митевски.

Брегалница ја продолжува битката за втората позиција славејќи на гостувањето против Кожуф во Гевгелија со голот на Мишев во 15. минута од натпреварот.

Осогово, пак, дојде до убедлив триумф на гостувањето против Победа Валандово од 2-5. Стрелци на головите за кочанци беа Жоглев, Митевски и Паунов уште во првото полувреме за водство од 1-3. А во второто полувреме погодија и Слаѓан Митевски, по вторпат, и Павле Петров. Стрелци на головите за домашните беа Трајков и Маринковиќ во два наврати.

РЕЗУЛТАТИ – 24. КОЛО

Кожуф – Брегалница 0-1

Тиквеш – Беласица 0-5

Победа Валандово – Осогово 3-5

Борец – Плачковица 3-0

Каменица Саса – слободна

ТАБЕЛА: Беласица 55 бода, Борец 47, Брегалница 46, Кожуф 34, Тиквеш 31, Плачковица 27, Саса 22, Осогово 19, Победа Валандово 10 бода.

Се вчитува...