ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Борец и Брегалница во последното коло ќе одлучат кој во бараж за Прва лига

Брегалница и Борец во последното коло ќе одлучуваат кој од нив ќе го освои второто место во Втората лига Исток кое носи до баражот за влез во прволигашкото друштво. Во денешното 26. коло, Борец Велес стигна до значајни три бода со триумф од 3-0 против веќе новиот прволигаш Беласица, додека Брегалница славеше против Плачковица.

Борец стигна до убедлива победа од 3-0 против Беласица, која веќе е нов прволигаш. Со три гола уште во првото полувреме, два на Јоциќ и еден на Ѓоргиев, велешани го решија победникот и освојувањето на значајните три бода.

Штипјани лесно стигнаа до триумф од 2-0 против Плачковица, останувајќи во последното коло да се борат за второто место. Иако во последното коло следната недела ќе им биде неопходна победа на гостувањето против Беласица во Струмица. Борец во последното коло гостува на Каменица Саса.

РЕЗУЛТАТИ – 26. КОЛО

Кожуф – Каменица Саса 2-1

Брегалница – Плачковица 2-0

Борец – Беласица 3-0

Тиквеш – Осогово 2-1

ТАБЕЛА: Беласица 58 бода, Брегалница 52, Борец 50, Кожуф 37, Тиквеш 35, Плачковица 30, Саса 25, Осогово 19, Победа Валандово 11 бода.

Се вчитува...