ВТОРА ЛИГА-ИСТОК: Борец со пресврт подобар од Осогово, триумф и на Тиквеш

Велешки Борец ја продолжува битката за втората позиција во Втората лига Исток кое носи бараж за пласман во прволигашката конкуренција откако во 16. коло славеше со 2-1 против тимот на Осогово.

Борец до победата дојде со пресврт откако Осогово прв поведе со голот на Драган Паунов во 22. минута. Во вториот дел за домашните погодија Роберт Коцев во 55. минута и Кристијан Николовски во 77. минута за триумф од 2-1.

Тиквеш ја победи Каменица Саса со голот на Методија Делов.

Кожуф и Плачковица ги поделија бодовите во Гевгелија. Даниел Лазаровски го донесе Кожуф до водство во 33. минута, а конечните 1-1 ги постави Реџеп Курт во 65. минута.

РЕЗУЛТАТИ – 16. КОЛО

ТИКВЕШ – КАМЕНИЦА САСА 1-0

БОРЕЦ – ОСОГОВО 2-1

КОЖУФ – ПЛАЧКОВИЦА 1-1

ВЧЕРА

БРЕГАЛНИЦА – БЕЛАСИЦА 0-0

ТАБЕЛА: Беласица 34 бода, Брегалница 29, Борец (+1) 29, Кожуф 24, Тиквеш 24, Плачковица 19, Саса 12, Осогово 11, Победа Валандово 8 бода.

Се вчитува...