ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Борец во бараж за Прва лига, Брегалница „извиси“!

Борец Велес ќе игра бараж за влез во Првата лига на Македонија откако славеше на гостувањето против Саса во Каменица, а притоа искористувајќи го ремито на штипска Брегалница, 1-1, на гостински терен против Беласица.

Борец го освои второто место на табелата само поради подобриот меѓусебен скор со Брегалница, и покрај истиот број бодови на табелата во финишот.

Во Струмица, Беласица дојде до предност со голот на Пепи Георгиев во 40. минута, а израмни Стефан Мишов во 69. минута. И покрај обидите Брегалница не дојде до гол за победа.

Борец триумфот против Каменица Саса го најави уште во 14. минута со голот на Ѓорѓи Ѓорѓиев…

Во вториот дел следеа уште два гола на велешани за сигурна победа.

Борец на тој начин ќе се соочи против Гостивар (второпласирана екипа од Западот) во првата бараж пресметка, а победникот од тој меч ќе игра против третата најслаба екипа од Првата лига за влез во елитното друштво.

РЕЗУЛТАТИ – 27. КОЛО

Беласица – Брегалница 1-1

Каменица Саса – Борец 1-3

Осогово – Кожуф 1-2

Победа Валандово – Тиквеш 1-12

КОНЕЧНА ТАБЕЛА: Беласица 59 бода, Борец 53, Брегалница 53, Кожуф 40, Тиквеш 37, Плачковица 30, Саса 25, Осогово 19, Победа Валандово 10 бода.

Се вчитува...