ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Детонит ја „шокираше“ Брегалница, победи на Борец и Кит Го

Борец Велес и Кит Го од Пехчево ја продолжуваат битката за врвот во Втората лига Исток по победите и во 7. коло од шампионатот.

Велешани пред својата публика славеа со 1-0 против Вардар Неготино со голот на Роберт Коцев во 67. минута од средбата.

Кит Го, пак, славеше со 0-2 на гостувањето против Партизан Обршани. Иван Настевски погоди во 4. минута, а Никола Тонев заокружи на 0-2 во 77. минута.

Вистински шок доживеа Брегалница која загуби со 2-0 на гостувањето против фенерџијата Детонит јуниор во Радовиш. Головите за домашните ги постигнаа Таранинов и Трајчевски во 80. и во 82. минута.

РЕЗУЛТАТИ – 7. КОЛО

Детонит јуниор – Брегалница 2-0

Борец – Вардар Неготино 1-0

Партизан Обршани – Кит Го 0-2

Кожуф – Плачковица 3-1

Каменица Саса – Тиквеш 1-3

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...