ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Тиквеш и Кожуф ги „матираа“ Борец и Брегалница!

Екипата на Тиквеш со головите на Стојанче Дунимагловски во 6. и во 37. минута стигна до триумф од 2-0 против Борец во 14. коло од Втората лига Исток.

Кавадарчани, на тој начин, го запреа позитивниот ритам на Борец кој е во трката за лидерската позиција во второлигашката конкуренција на Истокот.

Неочекувано убедлив пораз од 4-1 на гостувањето против Кожуф доживеа и штипска Брегалница. По само 15 минути со головите на Ристенски, Лазаровски и Попов, Тиквеш имаше водство од 3-0. Во вториот дел Ристе Ристенски и по вторпат стрелаше за 4-0, а во 84. минута Ристе Наумов го постигна почесниот гол за Брегалница.

Плачковица дојде до победа од 4-1 против Победа Валандово, додека Каменица Саса славеше со 2-0 против Осогово. Стрелци на головите за Каменица Саса беа Зоран Златковски во првиот дел, и Драган Паунов во 87. минута.

РЕЗУЛТАТИ – 14. КОЛО

Кожуф – Брегалница 4-1

Тиквеш – Борец 2-0

Каменица Саса – Осогово 2-0

Плачковица – Победа Валандово 4-1

Беласица (слободна)

ТАБЕЛА: Беласица (12 нат.) 27 бода, Борец (13 нат.) 23, Брегалница (12 нат.) 22, Кожуф (12 нат.) 22, Тиквеш (12 нат.) 18, Плачковица (12 нат.) 18, Каменица Саса (13 нат.) 11, Победа Валандово (13 нат.) 8, Осогово (13 нат.) 8 бода.

Се вчитува...