ВТОРА ЛИГА: Македонија ЃП го чува врвот, Арсими втор, Башкими доби подарок победа од Кожуф

Македонија ЃП го зачува врвот на табелата во Втората македонска фудбалска лига на две кола пред крајот на сезоната со гостинскиот триумф против Вардар Неготино од 0-1.

Арсими, пак, ена второто место по победата од 2-4 на гостувањето против Борец, а и Башкими ја продолжува битката за Прва лига по победата на гостувањето против Кожуф во Гевгелија од 1-2, благодарение на голот во последните секунди од средбата и тоа низ крајно сомнителна ситуација во која домашните фудбалери буквално застанаа на терен за гостите да дојдат до победнички гол.

Брегалница триумфираше со 1-0 против Беласица благодарение на голот на Стефан Бабунски уште во 5. минута од натпреварот.

Во битката за опстанок, Осогово со 2-0 славеше против Новаци, па се уште останува со шанси за директен опстанок во второлигашката конкуренција со оглед на поразот на Вардар Неготино пред своите навивачи.

ВТОРА ЛИГА – 28. КОЛО

Борец – Арсими 2-4

Брегалница – Беласица 1-0

Детонит Плачковица – Охрид 3-2

Скопје – Победа 0-0

Кожуф – Башкими 1-2

Осогово – Новаци 2-0

Вардар Неготино – Македонија ЃП 0-1

Вардарски – Каменица Саса 1-4

Се вчитува...