ВТОРА ЛИГА: Пелистер го совлада Охрид и го презеде врвот, Работнички подобар од „лавовите“

Пелистер славеше со 1-0 против Охрид во дерби-пресметката од 6. коло во Втората македонска фудбалска лига.

Стрелец на победничкиот гол за битолчани беше Стојанов во 40.минута од средбата.

Во втората дерби пресметка на денот, Работнички со 0-1 триумфираше на гостувањето против Македонија ЃП.

Херој во победата на „херојот од Дебар маало“ беше Кудијан.

Стрелците не беа расположени на денешните дуели во Втората лига. Во шест меча беа постигнати само четири гола.

РЕЗУЛТАТИ – 6. КОЛО
Пелистер – Охрид 1-0
Македонија ЃП – Работнички 0-1
Камјани – Детонит Плачковица 1-0
Тетекс – Осогово 0-0
Кожуф – Новаци 0-1
Еуромилк ГЛ – Беласица 0-0

Се вчитува...