Втора лига: Пелистер убедлив против Шкупи, Кожуф до три бода во Кочани

Екипата на Пелистер стигна до три бода на гостувањето против Шкупи, целосно надигрувајќи го поранешниот првак и славејќи со 0-4.

Битолчани беа расположени за игра, а во главна улога беше двојниот стрелец Христов, додека по еднаш мрежата на Шкпи ја заатресоа Наумоски и Стојанов.

Новаци слави со 3-1 над Детонит, за прва победа на овој тим во новата второлигашка сезона. Никола Талески со два гола беше херојот на Новаци, а еден погодок на овој натпревар псотигна Стефан Јовановски.

Охрид ја оправда фаворитската улога славејќи со 2-1 над Еуромилк со двата гола на Каланоски, додека Кожуф стигна до значајни гостински бодови со победата од 0-1 над Осогово во Кочани.

Се вчитува...