Втора лига: Работнички не виде мака со Кожуф

Работнички рутински славеше со 3-0 над Кожуф на отворањето на новата второлигашка сезона во која „романтичарите“ не ја кријат желбата експресно да се вратат во елитното друштво.

Гостите од Гевгелија немаа никакви шанси за изненадување на денешниот дуел, Работнички поведе во 19. минута преку Кудијан, а потоа во второто полувреме ја запечати победата со головите на Подграџа и на Богдановски.

Македонија ЃП ремизираше 1-1 на домашен терен против Тетекс, додека Беласица ја отвори сезоната со победа од 1-0 над Осогово со погодокот на Мемеди.

Охрид по голема борба славеше со 2-1 над Новаци со прекрасниот гол на Каланоски, додека Детонит Плачковица како гостин го совлада Шкупи со 0-2, со погодоците на Димовски и на Голубов.

Брера во својот прв второлигашки меч по испаѓањето од елитното друштво на домашен терен го совлада Еуромилк со 2-0.

Се вчитува...