ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Гостивар го презеде врвот, Тетекс го „здроби“ Зајази

Гостивар е нов лидер во Втората лига – Запад, барем до утрешниот дуел на Македонија ЃП, откако во 23. коло славеше лесно против Новаци со 2-0.

Стрелци на головите за триумф на гостиварци беа Илирид Адеми во 33. минута и Бетим Мифтари во 52. минута од средбата.

Тетекс убедливо славеше против Зајази со 4-2 со што веќе се поизвесно го обезбедува опстанокот во второлигашката конкуренција. Брилант Сулај во 25. минута и Меритон Салии во 33. минута погодија во првиот дел, Сулај повторно погоди во 60. минута а четвртиот гол беше автогол на Руфати во 78. минута. Гостите со два гола во последните минути го ублажија поразот.

Еуромилк дојде до триумф против Локомотива со головите на Адријан Чаволи во 26. и во 33. минута, а Андреј Нунески погоди во 72. минута. Единствениот гол за Локомотива го постигна Антонио Бошески во 61. минута од натпреварот.

РЕЗУЛТАТИ – 23. КОЛО

Еуромилк ГЛ – Локомотива 3-1

Тетекс – Зајази 4-2

Гостивар – Новаци 2-0

Македонија ЃП – Лабуништа (утре, 16 ч.)

Велазерими – Струга ТЛ (утре, 16 ч.)

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...