ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Гостивар ќе “брка“ Прва лига, „лавовите“ – шампиони!

Гостивар ќе игра бараж за влез во Првата лига на Македонија откако во последното коло од Втората лига – Запад славеше со 3-0 против Македонија ЃП на тој начин освојувајќи го второто место пред Велазерими.

„Лавовите“, пак, денеска и официјално крунисани како шампиони на Втората лига Запад.

Гостивар до триумфот дојде со хет-трикот на Башким Љама, постигнувајќи два гола во првото и еден во второто полувреме.

Залудна беше победата и на Велазерими кој со 1-4 славеше на гостувањето против Тетекс, со оглед на тоа што кичевци останаа на крајот со еден бод кусок зад гостиварци.

Гостивар на тој начин ќе се соочи против Борец Велес во првата бараж пресметка, а победникот од тој меч ќе игра против третата најслаба екипа од Првата лига за влез во елитното друштво.

РЕЗУЛТАТИ – 27. КОЛО

Гостивар – Македонија ЃП 3-0

Тетекс – Велазерими 2-4

Еуромилк ГЛ – Новаци 0-0

Зајази – Лабуништа 1-7

Локомотива – Струга ТЛ 1-5

КОНЕЧНА ТАБЕЛА: Македонија ЃП 56 бода, Гостивар 54, Велазерими 53, Струга ТЛ 45, Лабуништа 42, Тетекс 39, Еуромилк ГЛ 35, Локомотива 26, Зајази 17 и Новаци 9 бода.

Се вчитува...